nova

25395768_1724083294317371_5009247980817266573_n

ЗСП Психеско е првото здружение на студенти по психологија во Македонија.

Визијата на Здружението е промоција на психологијата како академска област, воедно и подобрување на знаењата, вештините и компетенциите на студентите по психологија и младите воопшто во Македонија преку организирање на активности од неформален тип. Уште повеќе, дејствуваме со цел поддржување на психологијата како општествена и хуманистичка наука, и се стремиме кон поголема афирмација на истражувачкиот процес преку спроведување на квантитативни и квалитативни истражувања. Една од најважните стратешки области на работа на Здружението е помагање на група на лица кои се наоѓаат во ризик, преку имплементација на проекти и настани со хумани цели.

Новости