Видео проект – „Во женски чевли“

0
251

 

Во рамките на настанот „Виолетувај“ се одлучивме да направиме видео запис кој ќе претставува приказ на секојдневни ситуации во кои се наоѓаат жените и мажите. Ова е настан кој се фокусира на подигнување на свеста за родовата рамноправност, правата на жените и мажите, родовите стереотипи и влијанието на родовите улоги во општеството. Оваа година настанот беше реализиран преку повеќе различни акции чија цел беше поголема известеност, едукација и алармантност во поглед на родовите прашања кои сите не засегаат (повеќе околу настанот тука). Разликата помеѓу секојдневието и она што ние се обидовме да го претставиме во видеото е смената на родовите улоги. Видеото е инсиприрано од францускиот краткометражен филм „Потчинето малцинство“.

Целта е да прикажеме некои од проблематичните типови на научени однесувања кај мажите, како и кај жените. Сакавме на еден доста директен начин да направиме мал чекор кон отварање на очите за различните форми на насилство и потчинетост на жената кои секојдневно ги прифаќаме како нормални. Многу често оваа немоќ произлегува од форсираната машкост во комбинација со научената женска беспомошност. Тешко е да се влијае во поглед на вакви случувања поради тоа што женскиот глас ретко кога е слушнат и ретко кога за ваквите случувања има сериозна реакција и итнервенција.

Тоа, секако може да ескалира во нешто многу посериозно и позагрозувачко за благосостојбата на жените, а да остане премолчено и прифатено поради научената беспомошност. На овој штетен тип на однесување многу од жените се научени од мали нозе и полека но сигурно се имплементира како дел од личноста на индивидуално ниво, како и во менталитетот на општествено ниво. „Помолчи, женско си“, велат, „Кога момчињата те удираат значи дека им се допаѓаш“, „Научи да готвиш, како ќе те мажиме, ќе те вратат“, „И да ти вика, и да те удри, немој да се караш, сопруг ти е, имате деца, срамота е, машко е тој знаеш дека се поагресивни“. Звучи познато?

Се надеваме дека со ова видео ќе придонесеме барем малку поттикнување на размислување и реагирање на луѓето во поглед на сериозноста и последиците на овој општествен, структурен и длабоко вкоренет проблем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here