Клуб за дискусија

0
364

Оваа година секторот за Човечки Ресурси го воведе првиот ПСИХЕСКО КЛУБ НА ДИСКУСИЈА. Воведување на Психеско клуб од ваков тип произлезе од идејата да им се пружи можност на нашите членови за проширување на нивните знаења, запознавање со нови перспективи, развивање на вештините за јавно, издржано и аргументирано говорење, како и за неформална дружба и подобро запознавање меѓу членовите.

Првата средба на Психеско клубот за дискусија се одржа на 10.12.2019 година во МКЦ (Младински Културен Центар), во кој се гледаше TED Talk и слободно се дискутираше на тема депресија и анксиозност. Истиот беше наменет само за членовите на здружението.

Втората средба се одржа online на 26.03.2020 година и на истата се дискутираше на тема „Човекот како Социјално Битие“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here