Мотивациски викенд Крушево: 29.11 – 01.12.2019г.

0
362

За прв пат во месец ноември 2019 година се одржа шестиот по ред Мотивациски викенд на ЗСП „Психеско“ во Крушево. Главната цел на настанот беше зближување и вмрежување на членовите на здружението, а во однос на работните сесии – изработка на SWOT анализа на здружението и осмислување на  годишната програма и акциски план за секој сектор. Деновите поминаа во одлична дружба, со низа team building активности, секторска и заедничка работа на сите присутни членови, како и прошетка во преубавото Крушево. Она по што овој Мотивациски викенд се разликува од останатите е тоа што пред членовите беа претставени и новите Психеско налепници и пенкалца. Крајот на шестиот мотивациски викенд го заокруживме со подарување благодарница на сопственичката на вилата во знак на благодарност за неизмерната гостопримливост и соработка.

Учесници: Адријан Јованов, Барлет Беќири, Бојан Станков, Виктор Јолакоски, Владимир Максимовиќ, Давид Златевски, Далиборка Димова, Даниела Нестороска, Ѕвездица Алексоска, Ива Коцева, Ивана Маринова, Илија Лазевски, Клементина Добревска, Марија Нечовска, Марија Стојановска, Марија Танеска, Михаела Протугер, Надица Ламевска, Павле Петровски, Рики Катранџиев, Сандра Софкоска, Симона Наумовска, Софија Пејчова, Хана Смаилагич.

 

29.11 – 01.12.2019 година

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here