Oтворен е повикот за Train the Trainers (Тренирај ги Тренерите) од EFPSA. Тrain the Trainers летната школа се одржува од 18ти до 26ти Август во Чешка. Повикот е отворен до 2ри Јуни.

Што добивате од партиципација во оваа програма?

Летната школа се состои од еднонеделни работилници и обуки организирани од Training Office кои ќе ви овозможат да стекнете практични вештини и знаења од областа на тренирање и имате шанса да зачекорите подлабоко во светот на неформалното образование. Овој чекор напред Ви дава можност за стекнување нови пријателства, забава, шанса за справување и надминување на предизвици, самонадградување и можност за допринесување кон надградувањето на други луѓе. Со овој тренинг станувате кандидати за EFPSA тренери.

Од сите пријавени за летната школа се одбираат 12, а после школата секој кандидат треба да има ментор и да одржи 10 часови тренинг во и надвор од рамките на EFPSA со цел да стане тренер.

Ова е одлична можност да научите вештини кои се многу корисни и кои ќе бидат важни за вашиот личен и професионален развој со тоа што ќе учите како да обучувате луѓе во различни сфери од психологијата и организациското работење. EFPSA тренерите и нивните обуки се клучен дел од организираното работење на сите сектори од организацијата, а вештините кои ќе ги стекнете можат да придонесат и за развојот на Психеско како организација.

Партиципацијата за оваа школа е 100 евра.

Исто така, отворен е и повикот за Летната Школа на EFPSA. Годинава летната школа се одржува во Холандија од 2ри до 9ти јули.

Учеството ви овозможува да бидете дел од тим кој под супервизија на докторант ќе работи на истражување. Темата на истражувањата е „Психологија и сексуалност“. Неделата во која се одржува летната школа е подготвителната недела каде би имале прилика да се запознаете подобро со истражувањето на кое ќе одлучите да работите од можните понудени шест.

Имате шанса за запознавање, дружба, забава и неформално учење со тимот со кој би работеле на истражувањето во текот на целата година. Конечниот труд е презентиран наредната година на завршната конференција на EFPSA. Доколку се приклучите во некој од тимовите на летната школа станувате дел од Junior Research, односно програмата за младински истражувања, што секако тоа Вам би ве направило млади истражувачи.

Преку оваа школа добивате шанса подобро да запознаете и да засакате методологија и статистика и е привилегија да стекнете практични знаења за спроведување истражувања кои ќе ви бидат од огромна корист Вам, како и на Вашата околина.

Партиципацијата за оваа летна школа е 200 евра.

Не пропуштајте вакви можности за одлични предавања од страна на професоиналци, стекнување нови знаења, дружба, споделување искуства со студенти од цела Европа и одлична социјална програма!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here