Виолетувај е настан кој по четврти пат се организира од ЗСП Психеско. Целта на овој настан е да се зголеми свеста за родовите стереотипи, правата на жените и мажите, положбата на родовите во општеството, родовите улоги и нивното влијание. Оваа година настанот беше организиран преку неколку акции чија цел беше преку поголема излезеност во општеството и со теренска работа да се придонесе кон освестувањето и алармантноста на горенаведените прашања. Акциите се организираа од март до мај 2018 а беа презентирани на 29.05. во ГЕМ клубот во Менада.

Како прва акција која се реализираше во рамките на Виолетувај беше делење оригами на 8ми март, денот на жената. Со ова беше одбележан почетокот на акциите за Виолетувај преку делење оригами во вид на цветови со цел да се подигне свеста за семејното насилство при што на самиот цвет имаше контакт до центри во кои може да се пријави семејното насилство. Оригамите беа делени во Центарот на Скопје.

Како втора акција со координатор Ивана Филкоска се работилници во рамките на средни училишта на тема „Меѓуврсничко сексуално насилство и сексуално насилство во образованието“. Работилниците се состојат од краток образовен дел за родови прашања, родово базирано и сексуално насилство меѓу врсниците. Сите материјали кои се користат во работилниците се соодветно избрани и осмислени од страна на професионалци за работа со ученици во средни училишта, на возраст од 15 до 18 години. Работилниците ќе бидат спроведувани во парови од страна на студенти по психологија кои претходно поминаа соодветен тренинг. Тренингот беше одржан од страна на Љупка Трајановска, дипломирана на Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир во Скопје и е вработена во Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Овој тренинг од страна на Љупка Трајановска која е вработена во Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство вклучува продлабочено знаење во сферата на меѓуврсничкото сексуално насилство како и проблемите и последиците од истото. Во текот на овие месеци членовите кои работеа на акциите поминаа низ соодветниот тренинг, ги изработија работилниците и се ангажираа околку административните дозволи за работа во средни училишта и истите ќе бидат одржани во наредната учебна година 2018/2019.

Друга акција во рамките на Виолетувај е истражување за стереотипни тврдења. ЗСП Психеско со координатор Владимир Максимовиќ спроведе пилот истражување за да се утврди застапеноста на стереотипните ставови за жените кај студентите од различни образовни профили. Поради тоа што често во секојдневниот живот се среќаваме со трвдења како девојките не се добри со компјутери или мажите не се многу добри педагози и слично произлегува потребата да почнеме да истражуваме на оваа тема. Но, пред навлеземе длабоко во оваа тема сакавме да утврдиме неколку стереотипи кои студентите на вистина ги веруваат. Нашиот истражувачки проблем гласеше: ,,Дали студентите на општествените и техничките факултети веруваат во одредени општопознати стереотипни тврдења.” Сакавме да направиме едно Пред- истражување да утврдиме кои стереотипи се присутни кај студентите. Наодите што ги добивме беа дека поголемиот дел од стереотипите што ги определивме ни се потврдија и голем број на испитаниците ги поседуваа. Многу е интересно тоа што одредени трвдења како ,,Жените се поемотивни од мажите и тоа го спречува нивниот успех како менаџерки” беа поседувани и од машките и од женските испитаници. Резултатите добиени од ова пред- истражување е планирано да бидат искористени за правење на истражување на поголема популација и на проверка на стереотипни тврдења кај студентите во Македонија.

Како последна акција како дел од Виолетувај со координатори Марија Танеска и Елена Димовска е видеото “Променети родови улоги“, чија основна цел е да се стави маж во ситуации во кои жените често се наоѓаат во секојдневиот живот и да се соочи со проблемите кои произлегуваат од родовите стереотипи и положбата која ја има жената во општеството. Видеото има за цел да ја адресира големината и вкоренетоста на овој проблем. Видеото се состои од четири сцени кои опфаќаат четири секојдневни средини: дом, работно место, парк и бар. Улогата на главниот лик ја има Огнен Велевски кој глуми во Театар 007. Во останатите улоги се уште неколку девојки од Театар 007 како и членови на ЗСП Психеско.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here