EFPSA

Европската федерација на студенти по психологија (ЕFPSA) била основана во 1987, на првиот меѓународен конгрес на студенти по психологија во Португалија. EFPSA oпфаќа исклучително разновидна мрежа на студенти по психологија кои волонтираат да работат со и за студенти по психологија од Европа. Федерацијата моментално брои 33 организации на психолози меѓу кои и Психеско, како и една организација под надзор за влез. Во моментот EFPSA организира 11 настани низ Европа секоја година, како и 1 настан којшто се случува 2 пати годишно. Исто така, EFPSA одржува неколку онлајн ресурси и има свој центар за обука, отворен журнал, како и социјална кампања која опфаќа различни проекти. EFPSA  им овозможува  на студентите на психологија уникатни и возбудливи можности за академски, професионален и личен напредок. – инспирирани од своите мисија, визија и вредности, EFPSA продолжува да го проширува своето присуство меѓу студентските групи, да ги усовршува своите активности и да гради врвно портфолио од можности и членства за Европските студенти на психологија. Во срцевината на сите активности на EFPSA лежат 4 цели:да служи на студентите на психологија а придонесува за општеството, да ја подобри науката на психологијата, да поврзува професионалци, академци и студенти.

Мисија

Мисијата е да ги соединиме студентите по психологија на Европско ниво со цел на го збогатиме нивниот концепт и практична примена на психологијата, како и да поттикнеме развој на вештини со цел да допринесеме за подобрувањето на областа; да имаме позитивен импакт на општеството и неговата перцепција за психологијата; да поддржиме научна и социјална интеракција, како и културни размени помеѓу студентите, академците и професионалците по психологија.

Како го имплементираме ова? Со постојан развиток на нашите сервиси, настани и квалитетот на интеракцијата помеѓу студентите по психологија во Европа и нивните национални, регионални и локални асоцијации, создаваме охрабрувачка средина за психологијата како професионално и научно поле низ Европа.

 Визија

Нашата визија е да имаме психолошки свесно општество каде што мисконцепциите со кои психологијата е опкружена се намалени со цел подобрување на генералната општествена благосостојба; да обезбедиме сервиси и настани кои ќе го задоволат огромното пространство на потреби на студентите по психологија за да тие да се надоградуваат себе си профасионално и да достигнат меѓусебна поврзаност низ цела Европа.

Вредности

Поврзаност: Како организација, да бидеме поврзани внатрешно како и надворешно, во рамките на работната заедница на ЕФПСА и со организации кои имаат слична мисија и вредности.

Транспарентност: Да постои интегрален, кохерентен и конзистентен пристап кон сите аспекти на нашето работење.

Диверзитет: Да ги прифатиме разликите, да ги почитуваме и да ги прифатиме како вредни карактеристики.

Храброст: Да имаме храброст во неволји и непредвидени околности.

Членовите на Психеско, како полноправна членка на EFPSA можат да учествуваат на сите активности кои се дел од програмите на асоцијацијата, како и да бидат дел од раководството на EFPSA. Toa им овозможува зголемување на искуствата и знаењето од областа на психологијата, како и поврзување со студенти и професионалци од цела Европа.

Повеќе за EFPSA можете да дознаете на http://www.efpsa.org/