EFPSA Kонгрес 2018 Малта.

0
322

ЕFPSA Конгресот се одржува секоја година во тек од една недела од месец април и привлекува околу 350 студенти од цела Европа. Со богата агенда на научни придонеси од студенти, истражувачи и искусни академици, како и можности за културна и социјална размена, конгресот е извонреден дел од EFPSA годината. Како што  се менува државата домаќин секоја година, така се менува и академската тема. Покривајќи нови полиња од психологијата секоја година, содржината на Конгресот е различна колку и потеклото на учесниците. Конгресот е домаќин на предавања и работилници одржани од професионалци и студенти од цела Европа. Учесниците можат да слушнат предавања од експерите за современи теми во психолошката теорија, истражувања и пракса, како и да учествуваат во практични работилници и исполнета социјална програма. Сите студенти се поканети да придонесат за Конгресот  преку презентирање на нивните истражувачки трудови.  На овие начини и уште многу други, Конгресот им нуди на младите психолози можност за проширување на нивните научни и лични хоризонти.

Социјална програма како ниедна друга трае низ целата недела. Се одржува и традиционалната вечер на  EFPSА за време на која секој учесник на организацијата се претставува себе и својата држава на Конгресот преку споделување  храна, пијалоци или обичаи од нивната земја на потекло. Програмата вклучува и екскурзијата до локален град или регион која  нуди пауза од работата и одлично го заокружува Конгресот како навистина незаборавно искуство.

Конгрес 2018- „Истражување на личноста-Различност и Индивидуални разлики.“

Низ историјата на психологијата многу теоретичари и истражувачи се обидувале да го разберат развојот на личноста и варијациите помеѓу поединците. Личноста ги опфаќа мислите, чуствата, личните перцепции, вредностите, ставовите и интерпретациите кои ги има одредена индивидуа. Поради разновидната и комплексна природа, не постои единствена дефиниција за тоа што е личност, но  разбирањето на личноста ни овозможува да предвидиме реакции во однесувањето и одлуки базирани на индивидуални разлики, правејќи го клучна тема на дискусија во доменот на психологијата.

Психологија  на Личноста ќе биде темата на триесет и вториот  EFPSA Конгрес во Малта во 2018 година каде ќе се исражува  личноста  во смисла на меѓукултурни и крос-културни индивидуални разлики. Преку својата ангажирачка програма, организаторите на  Конгресот ќе се стремат да им овозможат на студентите мултидисциплинарно разбирање на личноста. Во текот на Конгресот, ќе се обидеме да разбереме како се развива личноста, како се разликува меѓу поединците, колку можат  поединци  да бидат слични во однос на личноста и како тоа влијае на начинот на кој размислуваме и се однесуваме со цел да се зголеми знаењето значајно за секојдневниот живот на студентите.

Научниот тим подготви патување за разбирање и “Истражување на личноста – разновидност и индивидуални разлики “. Благодарение на постојано растечката листа на говорници на Конгресот, ангажирајќи предавања, работилници, презентации, симпозиуми и панели,  целта е да се стекнат учесниците со знаење за тоа како личноста придонесува за индивидуалните разлики во различните општества и култури.

Учесниците на 32-от EFPSA конгрес ќе добијат пријатно изненадување затоа што едни од најдобрите истражувачи и говорници ќе се собираат во срцето на Медитеранот за да истражат подлабоко во темата за личност.

Научната програма е изготвена на таков начин што ќе обезбеди сите студенти да имаат единствена  можност да го зголемат своето знаење и да споделат искуства со различен спектар на колеги и меѓународни говорници.

Во текот на целата недела ќе имаат можност да се запознаат со извонредни научници од областа на психологијата – и со тоа да креираат можности  за соработка и идеи за истражување во областа на психолошката наука, како што понатаму ќе напредуваат.

Конгресот исто така ќе им даде можност на учесниците да ги споделат своите идеи и истражувања со студенти и професионалци од различни земји низ целиот свет!

На овогодинешниот Конгрес ќе учествуваат девет членови од ЗСП Психеско кои со своето искуство од Конгресот ќе придонесат во унапредување на Здружението во различни сфери.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here