Oд 2 до 5 јули 2019 година во Москва ќе се одржи шеснаесеттиот Конгрес по псхихологија организиран од Европската Федерација на Здруженија на Психолози.  Конгресот е единствена можност за психолозите да разменуваат професионални знаења и искуства како и можност за професионален развој и промоција на сопствениот труд. Можете да се пријавите како учесник, но и активен придонесувач кон научната програма преку промоција на резиме на труд, панел дискусија, предлог-симпозиум или презентација на постер.

Воедно ова е можност да ја искусите прекрасната Русија преку убавината на Москва.

Ги охрабруваме сите психолози- професионалци од Македонија да ја искористат можноста за пријавување на Конгресот поради лично професионално унапредување, но и користење на практичното искуство за промоција на психологијата во Македонија.
Повеќе информации можете да добиете на официјалната веб-страна на Конгресот https://ecp2019.ru

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here