Годишни настани

ПСИХЕСКОП

Психескоп 1- 2014

Психескоп 1- 2014

Психескоп 2- 2015

Психескоп 2- 2015

Психескоп 3-2016

Психескоп 3-2016

Психескоп 4 -2017

Психескоп 4 -2017

ПСИХЕСКОП

Психескоп е настан кој се организира од почетокот на постоење на здужението. Тоа е дводневен настан кој се организира на крај на ноември или почеток на декември.  Целта на овој настан од отворен тип е едукација на студентите по психологија но и на секој заинтерсиран за психологијата за различни теми од психологијата преку предавања и работилници од психолози практичари и професионалци во одредена област. Меѓу другото, овој настан овозможува информирање за психолошките гранки во кои работат психолозите во Македонија и нивните полиња на дејност со цел да се добие вистинска слика за психологијата кај општата популација, а студентите да се стекнат со знаења надвор од образовната програма, да добијат поголем увид во можностите кои им се отворени за работа во Македонија и да се поврзат со психолозите-професионалци, како и со професионалци од други дејности поврзани со психологијата. 
Досега, овој настан привлекува стотина љубители на психологијата, станувајќи препознатлив за Психеско. 

  • Психескоп вол. 1 2014 година

Предавачи: Јане Нединковски, дипломиран психолог, истражувач- ГФК Скопје, Боре Пуцоски, дипломиран психолог, мониторинг и евалуација, USAID YES мрежа, М-р Марија Штерјоска, психолог во меѓународното средно училиште “Yahya Kemal”, М-р Илија Дојчиновски и М-р Фросина Ристовска, клинички психолози во специјалната болница Филип II”, Д-р Мирјана Јовановска-Стојановска, психодраматичар во Амигдала”, Стефан Марковски, писател, Нина Јаниќевиќ, Надире Латифи, Моника Костовска, психолози, Ивана Станковска, гешталт психотерапевт

  • ПсихескоП вол. 2 „Психотерапија и психотераписки правци“ 2015 година

Предавачи: д-р. Емилија Стоименова Цаневска, гешталт психотерапевт и тренер, Д-р. Билјана Копрова, гешталт психотерапевт и тренер, Д-р. Благица Ризоска, гешталт психотерапевт и тренер, М-р. Марија Штерјовска, гешталт психотерапевт и тренер, Д-р. Станислав Петковски, психотерапевт, правец: трансакциска анализа, М-р. Фросина Ристовка, гешталт психотерапевт, Д-р. Мирјана Јовановска Стојановска, психодраматичар, М-р. Илија Дојчиновски,  тренер по психодрама, Д-р. Маргарита Николовска, тренер по психодрама, Проф.д-р. Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, семеен и системски психотерапевт, психијатар, М-р. Снежана Андреева, гешталт психотерапевт, М-р. Лидија Попчева, гешталт психотерапевт и тренер.


  •      ПсихескоП вол. 3 -„ Психологија во акција” 2016 година
Предавачи: Даниела Неделкова, дипл. психолог, Проф.д-р Калина Сотироска Иванова, Проф.д-р Ленче Алексовска Величковска, М-р Тина Васков, Марија Стојоска-Василевска, дипл.психолог и гешталт терапевтка, Ирена Ѓоршев, дипл. психолог и HR специјалистка.
 
  • ПсихескоП вол. 4 „Ментално здравје-психехигиена“ 2017 година
Предавачи: Павлина Михајловска, Радмила Живановиќ и Мирјана Јовановска Стојановска,Кети Едровска Исајловска, Ана Фрицханд, Ивана Станковска, Ангелика Буровски и Фросина Ристовска, Никола Ристаноски. 
 

 

Галерија: ПсихескоП низ годините

ВИОЛЕТУВАЈ

Виолетувај 1 - 2015

Виолетувај 1 – 2015

Виолетувај 2- 2016

Виолетувај 2- 2016

Виолетувај

Make it happen-Виолетувај e настан чија цел е подигнување на свеста за родовите прашања, положбата на жената во општеството, права на жените како и родовите улоги и нивното влијание. Името на овој настан е превземено од глобалната кампања за меѓународниот ден на жената. 
Виолетовата боја е симболична и симболизира правичност и чест, и истата претставува мешавина од сината боја (која се поврзува со „машкоста“)и црвената (која се поврзува со „женственоста“). 

  • „Маke it happen: Виолетувај едукативен настан посветен на родовата еднаквост, како и прослава на Меѓународниот ден на жената  “ 2015 година

Предавачи: Проф.д-р Владимир Давчев, Проф.д-р Николина Кениг, Проф.д-р Румена Бужаровска

·         Настан Make it happen Виолетувај 2  2016 година

 Предавачи: Јордан Јанчевски и Виктор Дамјановски oд H.E.R.A.“, Антонио Михајлов од Субверзивен Фронт, Ана Солебо, Проф.д-р. Никос Чаусидис, Вида Гаврилоска од Институт за брак, семејство и системска пракса-Алтернатива, Ивана Дојчиновска Стојановиќ од МАЧР, Ирена Чаушевска од New Mens Business Accelarator, Нина Ангеловска од Grouper“, Магдалена Дилевска и Викторија Ланговска од Преплет.

 

 

Галерија: Виолетувај низ годините