Историја и структура

Психеско приказната започнува пред околу пет години , крајот на 2013 година. Инспирацијата за едно вакво здружение  започнува на една меѓугенерациска средба каде се разгледуваа студиите на студентите по психологија и како можат студентите да допринесат за развој на студиите.

После скоро една година макотрпна работа на 01.09.2014  „Психеско“ официјално стана првото македонско здружение на студенти по психологија.

Меѓу  најзаслужните за ова да се изведе се основачите Томе Нединковски ,Моника Костовска, Анита Јанчевска, Марија Давчева и Ана Павковиќ.

Психеско настана за да ги подобри условите на студирање на студентите по психологија, да поттикне на научно-истражувачка работа и професионално усовршување, да ја промовира психологијата како струка и област, да допринесе кон зголемување на мобилноста на студентите, а со сето ова да помогне во унапредување на општите човекови вредности и заедницата.

Овие цели не ќе можеа да се остварат доколку во Психеско не ги негувавме вредностите кои како такви не прават автентични, а тоа се толеранција на различните ставови, избори, мисли и идеи ,јасност и транспарентност во работата, како и одговорност на поединецот и организацијата.

Психеско за прв пат јасно се пројави на првиот настан ПсихескоП кој како таков стана традиција која сеуште ја негуваме и по која станавме препознатливи.

Структурата на здружението е сочинета од три одбори:
Управен одбор – составен е од осум членови: Претседател на управниот одбор кој е воедно претседател на здружението, Потпретседател, Генерален секретар и Раководителите на петте сектори:
-Сектор за ИТ, Маркетинг и социјални мрежи;
-Сектор за Надворешна соработка;
-Сектор за Истражување;
-Сектор за Организација на настани;
-Сектор за Човечки ресурси.

Овие сектори се задолжени за организирање на предавања, дебати, состаноци, стручни собири и секакви облици на научно-истражувачка работа ,остварување на соработка со студенти по психологија, други здруженија и организации кои делуваат во Република Македонија и светот, остварување соработка со останатите студентски организации на Филозофскиот факултет и УКИМ како и други форми на студентско и младинско организирање,соработка со научно-образовни установи, барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа, медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението,како и изработка на студенски картички кои на членовите им овозможуваат бенифиции на различни места.

Надзорен одбор- составен од три членови кои биле дел од Управниот одбор. Целта на овој одбор е да ја мониторира и поддржува работата на Управниот одбор и на целото здружение преку менторство и насоки кои произлегуваат од искуството на членовите.

Извршен одбор кој е составен од сите членови кои се дел од еден или повеќе сектори и без чија активност  работата на здружението би била невозможна. Членовите, заедно со Управниот Одбор работат на сите проекти и активности на здужението.

Гласањето на нов Управен одбор го врши Собранието во кое што се вклучени сите членови кои барем една година биле дел од здружението.

 

Важен и еден од клучните  моменти за растот и развојот на Психеско се случи мај 2016 година, кога тогашната претседателка Тиана Ивановска и една од основачите на здружението Марија Давчева присуствуваа на 30тиот ЕФПСА конгрес во Потругалија,каде овозмозија Психеско и Македонија да влезат во големото европско семејство како членка под надзор.

Истото време 2017 Македонија стана полноправна членка во Eвропската Федерација на Здруженија на Студенти по Психологија-EFPSA.