Во периодот од 08.03.2017 до 12.03.2017 беше во тек реализација на размена на студенти по психологија Македонија – Финска, организирана од ЗСП Психеско и поддржана од Европската федерација на здруженија на студенти по психологија – ЕФПСА. Поминаа денови од прватаа половина на нашата размена, а импресиите се се` уште исти. Деновите ни беа исполнети со предавања,работилници, прошетки, забави, игри и запознавања. Сето тоа само ни долови дека всушност размената на идеи, впечатоци, доживувања, проекти и можности, е она што нас не` прави богати. Богати со искуство. Богати со мотивација. Богати со цели и планови. Соработката со нашите професори, предавачи, психолози, докажува за севкупната професионалност, посветеност, желба за развој и страст кон психологијата, на секој еден што беше вклучен во размената. Оргомна благодарност до оние кои несебично се вложија да успее овој проект, за нашите колеги од Финска да допрат дел од нашата атмосфера, култура, настава и желба и воедно отворање врата на понатамошни заеднички патувања, учења и напредоци. Го “скршивме мразот” и ова е само почеток. Почеток на една нова ера, каде границите не се пречка да се биде едно. 
Стремеж кон уривање на границите, од Хелсинки кон Скопје и назад со љубов. Колку е поиста – психологијата е поконцизна, колку е поразлична – таа е покреативна. Првиот дел од нашата размена го исполнивме со убавини и со наши колеги од прекрасната ни Финска, со нивни бои и мириси, искуства и идеи, кои ја почувствуваа нашата атмосфера на работа и македонски дух. Вториот дел беше организиран од SPOL,  во кој во Хелсинки, нашите колеги и членови земаа делчиња од искуства и ја пополнуваа првата сложувалка на нашата соработка. Горди сме на нашата прва размена и знаеме дека е само почеток на многу сложувалки во иднина. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here