Целта на кампањата “Mind the Mind” е да едуцира ученици на возраст од 15 до 18 години, (заедно со остатокот од популацијата), за менталното здравје, проблемите и нарушувањата во менталното здравје, додека паралелно обесхрабрувајќи ги сите митови, стереотипи и целата стигма кон индивидуите кои страдаат од овие нарушувања. Стигмата кон нарушувањата во менталното здравје е генерално проширен феномен во Европа и предизвикува штета врз добросостојбата на индивидуите и целото општество.

Тимот на Social Impact Initiative на ЕФПСА, базирана врз психолошките истражувања, теории и позадина, креираа материјали со најважните и најзастапените нарушувања во менталното здравје, со водичи за организација и водење на работилниците, начини на кои може да е рушат стереотипите и места на кои може да се побара помош.

Заедно со помош на локални координатори и тренер од секоја држава, се обучуваа студенти кои подоцна ќе одржат работилници во средни училишта и во осмо и деветто одделение од основните училишта.

Република Македонија и “ЗСП Психеско”, како полноправна членка на ЕФПСА, во 2017/2018 година учествува во четвртиот бран на овој проект и тоа по втор пат.
Локалните координатори (Ена Цаневска и Ивана Тушевска) имаа за задача да ја промовираат кампањата, да регрутираат волонтери, да ги преведат материјалите, да контактираат училишта за соработка како и да го организираат тренингот на волонтерите.
Тренерот (Проф. Д-р Катерина Наумова) имаше задача да ги “поткова” волонтерите со  добра теоретска позадина, како и да ги припреми на вештините за соодветно одржување на работилницата.

Подготвил: Ивана Тушевска

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here