Детската амбасада „Меѓаши“ организираше обука за за подмладок во волонтерската организација на СОС линијата, која е секогаш отворена и достапна за деца и млади на кои им е најпотребна.

СОС телефонот, психолошкото советувалиште и бесплатната правна помош се дел од активностите на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ веќе 25 години. Главна цел на тренингот беше базична подготовка и зајакнување на капацитетите на волонтерите при работата во СОС службата, како и нивно меѓусебно запознавање и вмрежување и поддршка во процесот на стекнување основни знаења и вештитни при работата на СОС службата. Учествуваа вкупно 18 лица, волонтери на различна возраст, од различни образовни профили и различно животно и професионално искуство. Учесниците беа од различни етнички заедници, најголем дел од Скопје и двајца од Велес. Групната динамика беше добра, групата релативно брзо и добро се интегрираше, се разви взаемна доверба  и меѓусебна почит за потребите на другите. Особена вредност за групата имаше нивното запознавање и првично вмрежување, можноста секој да го искаже својот поглед на работата и  дискусиите за особините на волонтерот, како и разработувањето на случаи со кои ќе се среќаваат во иднина, што претставуваше можност тие преку играње улоги да ја почувстуваат идната волонтерска работа. Обучувачка беше Ана Попризова. Програмата беше конципирана земајќи ги во обзир спецификите на работата на СОС службата (организациски и технички можности, обем и специфики на работа, како и потребите на групата волонтери/ки). Клучните активности опфатија:

–        Првиот ден се работеше вовед во поимот волонтерство,  преку листање на особините кои се значајни за една личност да биде волонтер, кои потребни знаења, вештини и спсобности треба волонтерот да ги поседува. Оваа активност беше проследена со богата дискусија. Секој учесник имаше прилика да ги сподели своите идеи и содржини на оваа тема.

–        Вториот ден беа објаснети и дискутирани методолошката рамка и потребните документи за водење и документирање на случаите. Обрасците за водење случаи беа презентирани пред волонтерите со детални објаснувања за начинот на пополнување и нивна функција.

–        учесниците преку играње улоги  работеа на  специфични случаи со кои во иднина ќе се среќаваат и ги дискутираа начините на постапување. При ова беше прикажан реалниот контекст и можните предизивици и ризици  со кои ќе се среќаваат при работата. Од исклучително значење, беше да се зајакнат, охрабрат и поддржат учесниците, да започнат да градат меѓусебна  мрежа на поддршка како и поддршка на членовите од организацијата  и надворешните лица вклучени во мониторинг и супервизија на работата.

–        третиот ден се работеше на процедури за процесирање и завршување на случаите, се дискутираше за мрежата на институции ( ЈО, МТСР, МВР, МЗ, МОН и сл.) кои се вклучени и начините на кои организацијата ги процесуира и  делува во јавноста во случаи на кршење на правата на децата и младите.

–        Во завршниот дел, учесниците работеа на дефинирање Етички принципи во работењето и нивното значење во насока на помош на до/јавувчите, но и заштита на волонтерите и организацијата.

Дел од обуката беа два членови на ЗСП „Психеско“ кои споделија прекрасни впечатоци од истата изјавувајќи дека стекнале облагодарувачко искуство, вештини и знаења кои силно ќе придонесат во нивниот професионален и личен развој.
Една од целите на ЗСП „Психеско“  е промоција и зацврстување на хуманите вредности во општеството и користење на психологијата како алатка за придонес во градење подобро општество. Од тие причини, соработката со Детската Амбасада Меѓаши за ЗСП „Психеско“ е од огромно значење и во иднина ќе се ангажираме за нејзино зацврстување.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here