Со прекрасна енергија, ентузијазам и дружба поминавме забавен и продуктивен викенд во Берово во периодот од 16.02 до 18.02. Овие денови, покрај одличното дружење и уживање во сончевото време, тимски работевме на определувањето на мисијата, визијата и вредностите на здружението, ги зацврстивме структурата на секторите и нивниот годишен план на активности за што секој член имаше еднаква можност да ја предложи својата идеја и активно да учествува. Ги споивме работата и забавата. Team buildingot беше основа за продуктивна година која ќе ја исполниме со напорна работа за исполнување на целите на здружението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here