За нас

Психеско е невладино здружение  на студенти по психологија при УКИМ. Основано е со мисија да овозможи интеракција, соработка на идеи, знаења и искуства помеѓу студентите и професионалците од областа како и збогатување на теоретските и практичните искуства на студентите преку организирање вонкорикуларни настани, работилници, обуки и проекти во соработка, индивидуално и во соработка со други организации како и можност за примена на стекнатите знаења.
Општествениот аспект на здружението опфаќа промоција на психологијата и подигнување на општествената свест за придобивките и корисноста на оваа наука, рушење на стигмата врзана за професијата психолог како и едукација на општата популација за нејзините сфери на дејност.
При извршувањето на нашите активности и исполнувањето на нашите цели секогаш практикуваме транспарентност, кооперативност, еднаквост, непристрасност, етичност, одговорност , инклузивност и хуманистички пристап.

Основни цели и начин на работа на здуржението

Основни цели на ЗСП се:

  • Подобрување на условите за студирање;
  • Подобрување на условите за живот на студентите, нивниот стандард и подобрување на основните права на студентите;
  • Поттикнување на научно-истражувачка работа и професионално усовршување;
  • Промовирање на психологијата како струка;
  •  Придонес кон развој на модерен и автономен институт;
  •  Придонес кон унапредување на општите човечки вредности и заедницата;
  •  Придонес кон зголемување на мобилноста на студентите.

 Работиме водејќи се од следните принципи:

  • Толеранција на различните ставови, избори, мисли и идеи;
  • Независност во работењето;
  •  Јавност и транспарентност во работата;
  •  Одговорност на поединецот и организацијата.